ЗA 5+

5+ е образовна иницијатива со намера да ја подобри реалноста и да создаде медиумски простор кој ќе образува и забавува.
Децата заслужуваат шанса да растат и учат, за да можат подобро да се разберат себеси и другите. Да размислуваат, сонуваат, откриваат и да ги остварат сопствените можности.

5+ Фамилија

Промоцијата на социјалната кохезија е дел од содржините, кои ОХО преку серијата 5+ Фамилија веќе 10 години ги промовира пред повеќе генерации на деца. Толеранцијата и инклузивноста се едни од основните вредности на нашата цивилизација. Без толеранција и почитување на различностите, не постои вистинска комуникација и соработка. Промовирањето на овие вредности како генерален став и како дел од нашата култура, е од суштинско значење за правилниот развој на децата.

Музика

Цртани

Сликовници

Образование

5+ во наставата од I до V одделение

Почитувани наставници,
Темите во епизодите од 5+ Фамилија, се однесуваат на дел од темите кои со децата имате задача да ги обработите на часовите во одделенската настава. Целта на овој вебинар е да ви помогне вам, наставниците или едукаторите, да им ги пренесете и објасните на децата темите како социјализација, девијација, толеранција, соработка и сл. преку обработка на неколку од епизодите од серијата 5+ Фамилија. На вториот вебинар детално се обработени неколку епизоди од 5+ Фамилија во формат на наставни листови.
УЧИМЕ НИЗ ИГРА СО НОВАТА ЕДУКАТИВНА АПЛИКАЦИЈА 5 PLUS