5+ Фамилија

За 5+
5+ е образовна иницијатива со намера да ја подобри реалноста и да создаде медиумски простор кој ќе образува и забавува. Децата заслужуваат шанса да растат и учат, за да можат подобро да се разберат себеси и другите. Да размислуваат, сонуваат, откриваат и да ги остварат сопствените можности.
За 5+ Фамилија
Промоцијата на социјалната кохезија е дел од содржините, кои ОХО преку серијата 5+ Фамилија веќе 10 години ги промовира пред повеќе генерации на деца. Толеранцијата и инклузивноста се едни од основните вредности на нашата цивилизација. Без толеранција и почитување на различностите, не постои вистинска комуникација и соработка. Промовирањето на овие вредности како генерален став и како дел од нашата култура, е од суштинско значење за правилниот развој на децата.